На учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп

Ученичките Меланија Јованоска и Маја Тодороска од 8-а, Маја Тодороска од 8-а, Теодора Тасеска од 6-в и Матеја Танева од 6-б одделение во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, успешно го претставија своето училиште на општинскиот натпревар по англиски јазик организиран од Асоцијацијата на професори за англиски јазик на Македонија.
Сите беа успешни и освоија награди. Така, Меланија го освои првото место, Маја Тодороска второто, а исто така и Теодора Тасеска и Матеа Танева беа втори.
Задоволни се од постигнатите резултати од натпреварот што се одржа онлајн. Задоволна и горда на своите ученици е и нивната наставничка Благица Чатлеска, која вели дека правилата биле многу строги, со целосна контрола над нивниот работен простор.
– Ученичките од осмо одделение не одат на курсеви, што значи целото знаење го стекнуваат со мене и преку читање книги, слушање песни и слично – вели Чатлеска.
Таа очекува нови успеси од учениците што го сакаат англискиот јазик и постојано се надградуваат.