Ајде да видиме…

Глечер е големо количество мраз што се движи. Некои глечери се извиваат низ планините, а други, како на пример ледените плочи на Гренланд или на Антарктик, се толку големи и дебели што целосно ја покриваат површината. Иако е цврст, мразот може да се движи низ падините и околу кривините, но многу побавно отколку низ реките.
Глечерите се создаваат на високите планини и во поларните области, а се создаваат од снег. Во текот на повеќе години, снегот се натрупува на највисоката точка од некоја висинска долина и се претвора во мраз. Тој се собира во цирк, вдлабнување во форма на чинија. Бидејќи е густ и тежок, под притисок на сопствената тежина, мразот се спушта надолу и така се создава глечер.
По долгите патеки наречени морени, мразот носи со себе делови од карпите што се одвоиле под негово влијание.

(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)