Викендов во Скопје се одржа првенство во Македонија за млади во шах. Првенството се играше во шест категории, односно имаше учесници на осум, 10, 12, 14, 16 и 18 години. Шаховската школа од Струга учествуваше со осум натпреварувачи во пет категории и постигна одличен резултат.
Во екипата до осум години, Лука Симиноски го освои третото место. Во категоријата до 12 години, Герасим Кумбароски и Ивана Велкоска беа прворангирани, а во категорија до 14 години, Георг Фармакоски освои второ место. Во категоријата до 16 години, Стојан Велкоски и Ивана Велкоска исто така беа први, додека во категоријата до 18 години, Анѓелкоска и Адмирим Исмаили освоија второ место. Ст.К.