Учениците од 2-2 одделение при ООУ „Живко Брајковски“ во скопската општина Бутел, првиот училиштен ден од второто полугодие, во четвртокот, го започнаа на интересен и необичен начин. Тие заедно со менторката, одделенската наставничка Љиљана Атанасова, имаа драг гостин, хуманитарецот и сликар Живко Поповски-Цветин, со кого активно учествуваа во ликовно-музичка работилница.
Точно во 11 часот на 21 јануари сите заедно со директорката на училиштето, наставниците, родителите, како и со преставници на Општина Бутел, тргнаа кон „Столбот на мирот“, кој се наоѓа во холот на училиштето, со „Штафетата на мирот“ што се предаваше од едно на друго дете за да го означат почетокот на второто полугодие во оваа учебна година.
На крајот заедно со 21 балон беше пуштена пораката за здравје, мир и љубов за сите деца во светот!
Иницијатори на настанот беа здружението за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и Живко Поповски-Цветин, од кого сите деца добија по една слика „Цвеќе на мирот“.