Кабинетот на претседателот на нашата змеја, кој се наоѓа во вилата „Водно“, во рамките на активноста „Отворен кабинет“, деновиве го посетија ученици од ООУ „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје.

Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во кои се реализираат официјалните средби, како и салите во кои се организираат свечености, настани и прес-конференции.
Посетителите се запознаа и со дел од вработените во кабинетот, од кои беа информирани за историјатот на објектот во кој е сместен кабинетот на претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Учениците имаа можност да поразговараат и со полковничката Билјана Блажеска, аѓутантка на претседателот Пендаровски, која ги информира за своите обврски и активности како висока воена претставничка во неговиот кабинет, како и со припадници од воздухопловниот ВИНГ на армијата на нашата држава, кои ги запознаа со функцијата, целите и задачите на нивната единица.