Од творештвото на писателот: Стојан Арсиќ

Те чекам одамна внучко мој!
Срцево ме жега веќе,
дворот ми запусте,
куќава занеме,
не цвета веќе цвеќе!

Години минаа, ликот ми избледе
откако фативте градот.
Од тогаш катаден
ко гладно орле
болно ме клука јадот.

Сал кога ветрот в зима ќе дувне
како да слушам чедо,
срцето ми трепери
од гласот далечен:
„Еве мее еве мее дедооооо!“

Но штом ќе мине
тој гласник ноќен,
тишина злокобна паѓа,
сал ликот твој
како светла ѕвезда
надеж во мене раѓа.
Те чекам одамна
внучко мој…