Минатата недела во Банско, Бугарија, се одржа детски избор за убавина, „Литл мис енд мистер галакси 2019“, на кој 8-годишниот Садат Јакупи, кој ја претставуваше нашата земја, победи во својата возрасна категорија,. Овој голем успех тој го зачини со уште една титула, „топ модел галакси 2019“!

Малиот Садат е член на модното студио „Црнокрак“ и заедно со неговите родители престојуваше седум дена во Банско, каде што со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваше за големото финале.

– Садат за време на престојот во Банско пленеше, не само со убавината и шармот, туку и со односот кон организаторите на изборот и кон неговите другарчиња, односно „колеги“ од целиот свет со кои другаруваше. Би сакале во оваа пригода да му е заблагодариме и на ансамбл за народни песни и игри „Кочо Рацин“ од Скопје, кој ни обезбеди народна носија за Садат, во која тој се претстави на овој избор – велат од студиото.