Измисли билка со чудно име:
Бим Бета, Сон Сета, или обично Нета.
Таа наша билка со чудно име
ќе расте и лете, ќе расте и зиме
и секогаш ќе цвета.

А сега да измислиме како ќе се вика
цветот на таа прекрасна билка.

Ако биде нежен, ќе се вика Солзица,
а ако е страшен, на пример Бом Боко.
Ако биде малечок, ќе се вика Ползица,
а кога ќе порасне – Сончево око.

Побрзо порасни голем, Сончево око,
големите деца сакаат голем цвет,
а ако ти биде тесно во нашето око,
ќе растеш во окото на сиот свет.

(Од збирката песни за деца „Сончево око“)