Литературно катче

Здраво, јас сум снегот. Бидејќи сум бел, викајте ме Белчо. Додека полека паѓам, сфатив дека јас паѓам врз град. Мајка ми и татко ми имаа среќа. Мајка ми застана на Шар Планина, а татко ми во шума.
Тука во градот е страшно. Автомобили и деца ме изгазија. Некои од децата убаво и мирно си играа со мене, но други се удираа, а едно дете мислам дека скрши прозорец.
Во градот сум извалкан од автомобили и камиони. Тука сите ме газат, а од загадениот воздух станав валкан и сив.

Автор: Бела Јаневски, 5-4 одделениеОУ „Ј.Х. Песталоци“ – Скопје