Деветгодишниот Садат Јакупи од Скопје на детскиот избор за убавина, кој неодамна се одржа во Анталија, Турција, ја освои титулата принц на „Евроазија 2020“.
Тој лани во Банско, Бугарија, каде што се одржа детскиот избор за убавина „Литл мис и мистер галакси 2019“ победи во неговата возрасна категорија и беше прогласен за најубаво дете. Садат од овој избор се врати со уште една титула – топ модел галакси.
И за двата избора носител на лиценцата за нашата земја е студиото „Црнокрак“.