Основното училиште „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром неодамна беше реновирано.
Некои училници добија нов под, нови ПВЦ-врати, завеси, а поставени се и ЛЕД-светилки и плакари во канцелариите и во училниците. Поставен е и ламинат на подот во кујната на училиштето, како и во канцелариите, кои исто така добија и нови плакари. Реновирањето опфати и санација на дел од тоалетите во училиштето.
– Секојдневно работиме на подобрување на условите во кои учат нашите ученици. Посветени сме на нашите најмлади, тие се нашата иднина – велат од локалната самоуправа.
Нови училници неодамна доби и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што целосно напуштени и руинирани простории беа комплетно реновирани и адаптирани за настава.
Нови училници се градат и во ООУ „Лазо Ангеловски“, во населбата Ново Лисиче, со што се укинува третата смена во ова училиште. Исто така, според предвидената динамика, се гради и целосно новиот објект на ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.