Бисерчиња од детските главчиња (2)

Во едни празнични, денови второодделенецот Марко беше на гости кај баба си Ивана, во селото Луково.
Прекрасно му минуваа дните: си играше со децата од селото, шеташе со баба си, одеа на нива – таа садеше зарзават, а тој ѝ помагаше, ги полеваше расадниците, во сѐ ѝ помагаше на баба Ивана.

Во неделата дојде татко му Марјан.
– Ајде, синко, остави го детето уште некој ден, гледаш колку се натажи, не му се оди во Скопје, овде му е убаво – молежливо рече баба Ивана.
– Не може, мамо, Марко има работа, треба да ги заврши училишните обврски – објасни татко му.
– Тато, не може да одам! – извика Марко. – Нека ти каже баба, уште многу работа имаме во нивата! Па, тато, и тоа е работа!
Коментар: Не сум видела толку вредно дете. Браво, Марко! Деца, угледајте се на него. Тој и на училиште е вреден, и на нива кај баба си Ивана.
Така треба, и тоа е работа!

Автор: Славна Арсова