Детскиот ликовен центар објавува републички конкурс со пропозиции за учество и пријавување ученици од нивните ментори наставници по ликовно образование за учество на 14-от традиционален образовен камп „Ванѓел Коџоман“, кој ќе се одржи во Струга и во Охрид, од 21 до 28 јуни годинава. За време на одржувањето на ликовната колонија учесниците ќе творат во Охрид (во црквата „Св. Софија“, „Св. Канео“, Плаошник, тврдината…) и во Струга (Радожда, Калишта, чаршијата, галеријата на Вангел Коџоман). Еден ментор наставник, професор по ликовно образование, треба да состави екипа најмалку од пет до десет ученици.

Пријавувањето за учество на конкурсот е на телефоните 076 987-024 и 078 343-207, а потоа и во писмена форма, доколку се исполнети условите за учество со најмалку пет ученици. Во текот на февруари, до 15 март, е пожелно пријавување на учесниците од основните училишта на возраст од 10 до 14 години и од средните училишта на возраст од 15 до 17 години, на електронската пошта на детскиот ликовен центар: [email protected].
Формирањето повеќе екипи-учесници (ментори и ученици) од училиштата завршува до крајот март 2020 година. Подготовките за организирањето на манифестацијата почнуваат во почетокот на април, а ќе траат до 10 јуни. Ќе бидат обезбедени цртачки и сликарски материјали за работа, превоз за учесниците и слично. Учесниците ќе бидат сместени во хотелот „Галеб“ во Струга, од 21 до 28 јуни.

По завршувањето на 14-от образовен ликовен камп „Вангел Коџоман“, традиционално се организира републичка изложба од изработените ликовни творби на учесниците со различни материјали за работа во различни ликовни подрачја и техники (молив, графит, пастел, акварел, темпера на хартија, на платно со акрилни бои) – цртеж, сликарство, графика, комбинирана техника и слично во текот на септември, во ликовната галерија на детскиот ликовен центар во Скопје, ул. Никола Русински бр.1, Карпош 3 (спроти гимназијата „Никола Карев“).
Контакт за дополнителни информации: проф. по ликовно од ДЛЦ Х. Манчев 076 987-024, И. Богоевски 078 343-207.