За сите млади љубители на театарот во Кавадарци еве една убава вест: нивната омилена лектира, книгата „Малиот принц“, во која авторот Антоан де Сент-Егзипери пишува за губењето и пронаоѓањето на верата во себе, наскоро ќе можат да ја погледнат како театарска претстава.
Во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2020“, в петок, 6 октомври, со почеток во 19 часот, во домот на културата „Иван Мазов-Климе“ премиерно ќе биде изведена претставата за деца „Малиот принц“, во адаптација и режија на Микица Илова. Во претставата играат: Стојанче Ванѓелов, Јована Секуловска, Сашко Орешков, Микица Илова и Кристина Јованова.
Претставата ќе се одвива според протоколите за работа во време на ковид-19, со лична заштита, дезинфекција на рацете и потребното растојание, поради што ќе има ограничено присуство на посетители.