Победниците на конкурсот „Штеди, креирај, победи“ во неделата беа гости во емисијата „Ивце Пивце и другарите“ на телевизијата Канал 5.
Ема, Томе и Емил ги донесоа своите изработки во студиото и раскажаа како настанале и кој им помогнал при изработката.

Најинтересна беше приказната за „Куќата од хартија“. Дознавме дека е направена од летоци што секојдневно се делат како промотивни материјали во маркетите. Потоа Ема, заедно со мајка си, ги виткала како цевчиња и полека и трпеливо ја градела куќата.

Тројцата победници добија подароци од Шпаркасе банка, по една касичка за штедење, како и почетен штеден влог од 9.000, 6.000 и 3.000 денари.
Подароците им ги врачи директорката за маркетинг Тодорка Сајкова.
За сите вас што можеби не ја гледавте премиерата, репризата на емисијата ќе се емитува в сабота, во 9.30 часот, на телевизијата Канал 5. И.М.