Успешен пијано-маратон се случи деновиве во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“, на кој учествуваа 46 млади пијанисти. Учениците го покажаа својот талент и заслужено на најдобрите десетмина им беа доделени медали за најдобра изведба. Најдобриот учесник се закити со плакетата „Лауреат на Пијано-маратонот“. Беа изведени композиции од различни автори.
За лауреат на годинашниот пијано маратон беше прогласена Елена Дамеска, додека со медали за одличниот настап се закитија: Лука Себастијан-Бруце,
Ева Александра Пановска, Доријан Трајковски, Гораст Ѓорѓиоски, Марко Стојаноски, Марија Николова, Софија Размоска, Надица Миленкоска, Дафина Момироска и Теона Ванеска.
Пијано-маратонот веќе е традиционална манифестација и годинашниот голем интерес е доказ дека на децата им недостигаат јавни настапи.Ка.М.