Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, во општината Аеродром во Скопје, наскоро ќе добие лифт со што ќе им се овозможи и ќе им се олесни движењето на лицата со физичка попреченост до и во самиот објект.
Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.
Лифтот е донација од американската амбасада, а неговата вредност изнесува околу 57 илјади долари.