Во просториите на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија, минатата недела се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2021“, на кој учествуваа ученици од сите општински основни училишта. Во конкуренција од седум натпреварувачи, првото место го освои Ѓорги Новаковски, со 29,5 бода, од ООУ,,Владо Кантарџиев“-Гевгелија, под менторство на Елизабета Инадеска-Ефремова, и тој ќе учествува на републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, кој ќе се одржи на 6 мај идната година. Второто место го освои Ристе Ристовски, со 20 бода, од ООУ,,Климент Охридски“-Миравци, под менторство на Маја Танова.
Третото место го освоија Симона Дачева, со 18 бода, од ООУ,,Климент Охридски“-Миравци, под менторство на Маја Танова, и Софија Милосавлевиќ, со 18 бода, од ООУ,,Ристо Шуклев“-Негорци, под менторство на Валентина Бикова.