Во издание на издавачката куќа „Феникс“ деновиве излегоа од печат првите два броја од новото тематско списание за деца „Учење низ игра“.
Во првиот број е објавена книгата „Мојата најдобра мајка“ од Христо Петрески (песни и раскази за деца), а во вториот број на тематското списание „Учење низ игра“ се објавени песни за деца од познатиот македонски писател Велко Неделковски.
Илустратор на двете книги е Славица Купенкова, а двете тематски изданијата содржат црно-бели илустрации за боење и илустрации во боја како стикери.
Во списанието „Учење низ игра“, кое е списание за боење и учење, има простор за доцртување и други активности (одговарање, раскажување и слично) од страна на децата. Исто така, предвидени се и објавени и повеќе активности за наставниците и за родителите.
Во подготовка за печат се и двата следни броја на тематското списание за деца „Учење низ игра“, и тоа „101 гатанка“ (избор и подготовка на Христо Петрески) и „Животинско царство“ (автор Трајче Кацаров).