Владо Димовски

Време е да почнеме да ја подгреваме предновогодишната манџа. Во семејството Николови во Скопје.
– Жено, за да нема ти реков ми рече, инсистирам на еден фер и усмен договор.
– Во која смисла?!
– Мислам, каде, како и со кого за Нова година.
– Велиш, усмен договор, а?!
Драги мои почитувачи на македонскиот јазик, кај нас нема усмен договор, ние си имаме устен договор. Уста – устен.
Со арно, со убаво!


Чувајте го јазикот!

„Јазикот е нашата единствена татковина“, велеше познатиот македонски писател и лингвист Блаже Конески. Но сведоци сме дека токму тој македонски литературен јазик, ние во последниве години не го чуваме, не го негуваме и надградуваме.
Драги деца, за да растете и вие читајќи и зборувајќи на стандарден македонски литературен јазик, во „Колибри“ објавуваме рубрика „Зборуваме македонски“, чиј автор е Владо Димовски, голем пријател на децата и наш познат писател за најмладите и автор на многу детски радио и телевизиски емисии со кои растеа многу генерации, меѓу кои една од најпопуларните беше серијата „Умни глави“ што ја емитуваше Македонската телевизија.
Е па, и бидејќи и вие сте умни глави, се надеваме дека серијалот што го започнуваме, ќе ви помогне да го зборувате македонскиот јазик без грешки, а така и да пишувате!