ИНИЦИЈАТИВИ

Во Отешево, крај Преспанско Езеро, организацијата „Слоу фуд Македонија“ на 17 и 18 јуни го реализира семинарот „Развој на едукативните активности во основните училишта“.
На семинарот се работеше на проширување и зајакнување на капацитетите на работниот тим, се согледаа позитивните достигнувања, се даваа предлози за подобрување на квалитетот и ефикасноста во имплементацијата на програмата „Училишни градини“. Во текот на семинарот се иницираше подготовка на акциски план во согласност со согледаните јаки и слаби страни од извршената евалуација и во согласност со искуствата од претходните проекти во програмата.
Семинарот исто така придонесе за подобрување на компетенциите за изнаоѓање на донатори што ќе го поддржат процесот на креирање училишни градини и нивна примена како алатка за едукација на учениците. До крајот на октомври ќе се креира и комуникациски план за промоција на програмата „Училишни градини“.
Реализацијата на семинарот беше во рамките на проектот „Зелен полигон за едукација, алатка за јакнење на еколошката свест, втор чекор“, кој го реализира „Слоу фуд Водно, Скопје“, финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку, во програмата „Училишни градини“ на „Слоу фуд Македонија“, досега се опфатени 20 училишта од: Скопје, Прилеп, Битола, Кичево, Крушево, Могила и од Демир Хисар.


Нека запре возот

Нека запре возот, нека застане
да слезам, да се растчам, по полјанине.
Да се намирисам од билјето,
од ајдучката, од душицата, од смилјето.
На гради да го ставам кантарионот, ливадата што ја позлатува
в место да стојам, а во космосот да патувам.
Нека запре возот, нека застане сѐ
само јас и ветрот, со тревите да се галиме.
Нека запре возот, да слезам во тревине, трева да станам,
па и кога ме косат, јас мирис да носам.

Филип Димкоски