– Колку убава покривка на масата имаш! – ја пофали тетка Менка својата сосетка. – Кога успеа да ја сплетеш? – ја праша.
– Уф, речиси цела година, зашто немав време – ѝ одговори таа.
– Тетка Менка, вчера баба ми беше на гости кај нас и таа ѝ ја донесе на мајка ми оваа прекривка. Баба ми плете многу убаво! – се истрча малиот Огнен да ја каже вистината и да си ја пофали баба си.