На Oдделението за детска литература во НУБ „Гоце Делчев“ во Штип минатата недела била и тригодишната Михаела, заедно со својата мајка.
– За нас, вработените во библиотеката, е вистински празник кога ќе видиме деца на оваа возраст со своите родители да го посетуваат царството на книгите. Тоа е убав начин кај нив да почнат да се создаваат позитивни навики. За да ја поттикнеме желбата за одење во библиотека и за дружење со книгите уште од најмала возраст, на Михаела ѝ ја подаривме најновата сликовница од Цвета Спасикова „Игра на светулките“, како и други скромни подароци, со ветување за повторна средба – ни рече Соња Манева, вработена во оваа установа, неуморна организаторка на разни настани во библиотеката, се разбира, поврзани со книгите и со децата.