Познатата македонска виолинистка Пламенка Трајковска и нејзините мали камерни состави ве покануваат на новогодишни концерти за деца со наслов „Музика и танц“.
На концертот децата ќе имаат можност да уживаат во класичната музика наменета за танцување, како менует, валцер и танго. Тие ќе се запознаат со музиката на Бокерини, Моцарт, Бизе и на други композитори.
Ќе настапи Пламенка Трајковска со гудачки квартет, а специјален гостин е Дедо Мраз.
Концертот ќе се одржи на 19 декември,во салата на Домот на АРМ во 11 и во 13 часот.