ЛИТЕРАТУРНО КАТЧЕ

Мојот мајчин јазик

Уште како детенце мало научив вешто, мојот мајчин јазик е најсвето нешто. Со векови чуван од прадедовци стари, како дар најсветол го чуваме од мали.

Македонскиот јазик е мојата ѕвезда сјајна, неговото минато е исконска тајна. За неговото значење и сила, зборува историјата наша мила.

Приказни, сказни, песнички и најубавите бајки, на македонски мајчин јазик слушавме милно од нашите мајки.

Талијан Ѕвончар, ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп

Нашиот македонски јазик

Јазикот наш како бисер сјае,
како сонце светка и блика
тоа е нашиот мајчин јазик,
тој јазик македонски се вика.

Вредноста негова е голема
поголема и од небото ширно,
колку ридовите и планините,
поголема од езерото мирно.

Секој треба да знае, како прво:
ние не сме без корен дрво
си имаме свое, македонско семе
коe постои од старо време.

Македонскиот јазик е бескрајно вреден
ти без него си туѓинец беден.
Да го чуваме јазикот како зеницата во окото
зашто јазикот е нашата единствена татковина.

Ивона Даноска ООУ „Страшо Пинџур“ – М. Коњари