НОВИ КНИГИ

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов, која беше промовирана во четвртокот, со онлајн разговор со писателката и со илустраторот, кој го водеше уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс ламина“. Илустрираната книга за деца е во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина – публикации“.

„Мирко Немирко“ е приказна за еден мал, палав дете-облак. Мирко, како и сите деца, постојано сака да си игра. Патува по небото, во потрага по забава. Сакајќи да се шегува со луѓето, наидува на нивното негодување, што го збунува. Со дождовните капки со кои се обидува да ги развесели и да ги насмее луѓето, всушност, ги брка од себе и ги затвора во домовите. Се обидува еднаш, уште еднаш,.. и потоа, тажен, исчезнува. Зад себе остава еден збор што продолжува да патува низ светот, без престан. Тоа е зборот Немирко, симпатичниот прекар на палавото облаче Мирко.

Ана Ѓокиќ е писателка, книжевна критичарка и драматург, која живее и работи во Загреб. Родена е во 1965 година во Белград, каде што има завршено на Филозофскиот факултет. Има напишано повеќе од 30 драмски текстови, играни во театри или емитувани на радио во Хрватска, Србија, Словенија и во Франција. Авторка е на повеќе романи за деца и возрасни, објавени и наградувани во Хрватска, Србија, Германија и во Македонија: „Од дневникот на еден змеј“ и „Гордана меѓу врбите“, како и на голем број сликовници, за кои е добитничка на најголемите национални и меѓународни награди и признанија. За „Овца во кутија“ ја има добиено наградата „Григор Витез“ за најдобар книжевен текст, а „Бао баобаб и малата Кибиби“ – наградата за најдобра хрватска сликовница за книгата. Двапати го добива меѓународното признание „Вајт ревенс“ за најдобри хрватски сликовници, за книгите „Трчај, Гиза, трчај“ и „Прашањата на принцот Алм“. Нејзината сликовница „Немаш поим, Гризлијан“ е лектира за прво одделение во основните училишта во Хрватска. Иницијаторка е на фестивалот на книгата и книжевноста „Внимавај, книга!“ на меѓународниот фестивал на сликовници „Овца во кутија“, на меѓународната патувачка изложба на илустрации „Ме сака, не ме сака“, како и на многу други уметнички проекти чијашто цел е поврзување на уметниците од разни земји. Уметничка водителка е на здружението „Креативна Сликовницата „Мирко Немирко“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.