Од творештвото на писателката Вера Симовска

Се берат во октомври
Кога сонцето ѕирка
Низ златните гранки,
Додека северко кротко
Сѐ уште пирка!
Се чекаат дождови
Во порој да се слеат
Плодовите зрели
По земја да ги редат!
По планински долови
Се собираат плодови
Костенчиња со бело срце
на тони под секое дрвце!

Во златната есен, и раскошот
На костенот е внесен.

(Од книгата „Понорница“)