По повод Денот на пролетта е распишан Конкурсот за најдобри литературни и ликовни творби од деца.
Темите се слободни, а секое дете може да испрати само по една литературна (песна или краток расказ) и ликовна (цртеж или слика) творба.
Творбите ќе бидат објавувани на сајтот: www.viart.mk, а треба да се испраќаат на следниов мејл: [email protected]
Творбите можат да се испраќаат веднаш заедно со податоците за детето-автор: име и презиме, колку години има и место на живеење (на пример: Христина Петреска,10 години, Прилеп).
По добивањето на творбите тие ќе бидат објавувани редовно и постојано во континуитет на сајтот www.viart.mk, а секој месец ќе бидат избирани и наградувани најдобрите автори и творби со книги – изданија на издавачките куќи „Феникс“ и „Македонија презент“ од Скопје.

Литературните творби треба да бидат отчукани со кириличен фонт во ворд-документ, потпишани и испратени во електронска форма, а ликовните творби треба да бидат скенирани и исто така испратени по електронски пат, заедно со податоците за авторот наведени во истата порака преку мејл.
Значи, литературните и ликовните творби можат да се испраќаат веднаш и ќе бидат исто така веднаш објавувани, а на крајот од секој месец ќе бидат избрани најдобрите и наградени. Кога ќе завршат овој конкурс и акцијата, кои ќе траат цела година – на Денот на пролетта 2022 година, од објавените и наградените автори ќе бидат избрани и прогласени литературниот млад принц и принцеза и ликовната млада принцеза и принц.
Ви благодариме за учеството и поддршката на акцијата: Избираме и објавуваме најдобри детски литературни и ликовни творби! Вклучете се веднаш и очекувајте наскоро да ги видите објавени Вашите прилози на нашиот сајт за деца: www.viart.mk Следете нѐ редовно, зашто подготвуваме многу нови рубрики, материјали, конкурси, награди, признанија и други изненадувања…