Прашање: Зошто ова дете морам да го поканам на мојот роденден?
Одговор: Ако не го поканиш, тоа би можело многу да го повреди. Во нашето семејство секогаш настојуваме да бидеме љубезни кон другите. Дури и ако детето изгледа поинаку од тебе или не сакате исти работи, многу е важно да го поканиш на забавата. Не мора да станете блиски пријатели, но замисли како би се чувствувал ти доколку тој организира забава и ги кани сите од одделението, освен тебе.
Што треба да знаете вие: Децата може да формираат групи веќе на предучилишна возраст, па затоа е важно на детето да му објасните зошто тоа не е добро. „Ако можете да го научите своето дете дека на рана возраст треба да сфати како се чувствуваат другите и како да им помогне, тоа нема да ги малтретира другите и, најверојатно, ќе спречи некој од пријателите да биде безобразен спрема некој друг“, вели советничката за родители Мишел Борба, авторка на книгата „Решение за родителските проблеми“.