Катче за родителите (7)

Прашање: Зошто не можам да останам долго буден како тебе?
Одговор: Не само што на твоето тело му е потребен одмор по целодневното трчање туку му е потребен и на твојот мозок. Многу е зафатен кога ти секојдневно откриваш нови работи. Всушност, ти си многу активен запознавајќи го светот околу себе, па на мозокот му е потребно повеќе време за одмор. Одиш порано во кревет за да можат твоето тело и твојот ум наутро подобро да функционираат.
Што треба вие да знаете: Спротивно на врежаното мислење, нашето тело и мозок не спијат додека спиеме. Но научниците тврдат дека одморот е многу важен за здрав ментален развој. Кога детето спие помалку од 10 часа во текот на ноќта, раздразливо е и не памети добро, вели д-р Даршак Сангави.