Катче за родителите (6)

Прашање: Зошто возрасните плачат кога се среќни?
Одговор: Луѓето може да почувствуваат нешто толку силно и, едноставно, тоа мора да го исфрлат од себе. Кога децата се среќни, обично скокаат горе-долу или викаат од среќа, но возрасните имаат комплицирани емоции, бидејќи кога се многу среќни, тие истовремено може да бидат и тажни.
Што треба да знаете вие: Кога плачете од среќа, обично тоа е затоа што чувството е горчливо-слатко. На пример, како првиот ден на вашето дете во градинка. Многу сте горди, но истовремено чувствувате дека вашето дете премногу брзо расте.
Децата немаат ист распон на емоции, така што плачењето од среќа може многу да ги збуни – вели Даршак Сангави.
Искористете го овој разговор за да го поттикнете вашето дете да ги изрази своите чувства со зборови. Нагласете дека плачењето е во ред, но треба да се напомене и што е лошо во сето тоа.
Сфаќањето зошто имате различни чувства може да му помогне на вашето дете да биде почувствително на туѓи емоции – порачува д-р Сангави.
Значи, кажете му на своето дете дека, доколку некогаш ве види како плачете, може да праша дали сте среќни или сте тажни?