Каде расте краставицата?

Бисерчиња од детските главчиња

Мајките на четиригодишниците Кире и Игор пијат кафе, а децата јадат салата од краставица.
Дечиња, нели е многу убава салатата. Убаво и здраво е да се јаде свежа краставица – рече домаќинката, мајка му на Игор.
По малку ги праша:
– А знаете ли каде расте краставицата?
– На пазар – како од пушка извика Кире.

* * *

Коментар: Е па, Кире, не е така! Зар врз тезгите со зарзават расте краставицата? Потребна е градина, со убаво ископана земја, па се сее семе за краставици, често се полева со вода и, по некое време, ќе израсне растението и ќе се појави плодот. Кога краставиците ќе бидат доволно големи, чичко градинар ги бере и ги носи на пазар и, така наредени, на тезгите ги продава. Значи, краставиците растат во градина, а се купуваат на пазар!
Автор: Славка Арсова