К О Н К У Р С
за најдобри литературни творби за републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2022“

Домот на просветните работници и Фестивалскиот одбор на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки“ по 18-ти пат го распишуваат конкурсот за најдобри литературни творби.
Темата на годишниот конкурс е „Мојата бесконечна љубов кон родниот крај“.
Творбата треба да биде напишана во поезија или во куса проза на македонски литературен јазик.
На конкурсот може да учествуваат ученици од четврто до деветто одделение. Учесниците од другите националности, кои живеат во Македонија, можат творбата да ја достават и на својот мајчин јазик, со превод на македонски литературен јазик.
Поетските творби треба да се испраќаат во периодот од 21 до 31 јануари 2022 година по електронска пошта на е-адресата: [email protected] од мејл на менторот.
Творбата да биде напишана во Ворд и да ги содржи следниве податоци:
– име и презиме на ученикот/ученичката и слика на истиот документ (портрет);
– училиште и место;
– име и презиме на менторот и телефонски број за контакт.
Менторите да настојуваат – да не се избираат кандидати што веќе учествувале на „Ракатки“. Треба да им се даде можност и на другите талентирани ученици и тие да го презентираат својот литературен труд преку оваа манифестација.
Од сите пристигнати творби, според овој конкурс, комисијата (составена од писатели за деца и млади) ќе избере 30 најдобри, со кои авторите ќе настапат на фестивалот „Ракатки 2022“.
Одлуката на комисијата ќе биде објавена до 15.3.2022 година.
Фестивалот „Ракатки 2022“ ќе се одржи првата седмица од месец јуни 2022 година.
Фестивалски одбор на „Ракатки“
претседател: Јадранка Клисарова