Организацискиот одбор на 53. „Детски Рацинови средби“ распишува
литературeн и ликовен конкурс на тема „Другарството – алка што поврзува народи, места и континенти“.
Право на учество имаат учениците од шесто до деветто одделение од oсновните училишта и учениците од прва до четврта година од средните училишта. Творбите ќе бидат класифицирани во три категории:
– категорија шесто и седмо одделение
– категорија осмо и деветто одделение
– категорија прва – четврта година
Поетските творби за литературниот конкурс треба да бидат во должина најмногу до 25 стиха. Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Најзначајно е детските песни да се оригинални.
Творбите се испраќаат на имејл-адресата: [email protected], најдоцна до 2 ноември.
Имејлот треба да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и имејл на менторот, со назнака „За Детски Рацинови средби“.
Откако жирито ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

На ликовниот конкурс секој ментор има право да учествува со цртеж од еден ученик. Најзначајно е детските цртежи да се оригинални. Учесниците на ликовниот конкурс треба да ги достават цртежите по поштенски пат, најдоцна до 2.11.2020 година, на ул. „Алексо Демниевски“ бр. 11, 1400 Велес, со назнака „За Детски Рацинови средби“. Потребно е да се достават и следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и имејл на менторот.
Откако жирито ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

За сите информации, можете да се обратите на имејл-адресата: [email protected]
За резултатите од литературниот и ликовниот конкурс за 53. „Детски Рацинови средби“, организаторот ќе ве извести најдоцна до 4 ноември.

Лила Арсова Претседателка на Организацискиот одбор на 53. Детски Рацинови средби