Детскиот ликовен центар и Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, во рамките на проектот „Фер шанса за младите во спортот“, објавуваат повик за учество со детски ликовни творби на темата „Борба против насилството и дискриминацијата меѓу децата во спортот“

Со овој повик сакаме да ги мотивираме учениците на возраст од 10 до 15 години, кои ја сакаат ликовната уметност, со својата креативност и вештина преку ликовните дела во различни подрачја – техники и материјали за работа (акварел, цртеж, монотипија, графика, компјутерска графика, графички дизајн, сликарство, комбинирана техника, на заднината на листот – блок број 5, напишете: име и презиме на ученик, училиште, електронска пошта, адреса – место на живеење, име и презиме на менторот – наставникот по ликовно и телефон за контакт) да ги изразат своите ставови за облиците на насилство и дискриминација, но и начините како истите тие да се надминат:

– гушкање на противничките екипи пред или по натпревар
– фер навивање за своите, а не против другите
– спортски натпревар со многу публика и насмеани лица
– натпревар со момчиња и девојчиња
– бруталности на спортските терени
– навредувањето на послабите
– тепачки меѓу навивачи
– запоставување на девојчињата во спортот
– бркање деца на улици.

Повикот ќе биде отворен до 28 февруари 2020 година, а изложбата на творбите на учесниците ќе се одржи во текот на април (ќе бидете известени). За најдобрите се предвидени награди.
Адреса за испраќање на ликовните творби: Федерација на училиштен спорт на Македонија и Детски ликовен центар: ул. Никола Русински бр. 1, пошта – 1020 Карпош 3, поштенски фах: 75, Скопје /или директно на први кат – канцеларија на Детски ликовен центар, зграда на библиотека „Другарче“ – Кинотека, ул. Никола Русински бр. 1, Карпош 3 во Скопје.