Од 0 до 3 години
Стимулирајте ги сетилата на вашето бебе, со тоа што: од базенот за капење ќе направите место за играње, со топка, кадифени, меки играчки, но и со штипки, лончиња, дрвени лажици…

Од 3 до 5 години
Игри со лего-коцки, роботи, сложувалки. Можете да му направите на детето капа од хартија, но и оригами-фигури, ако сте вешти во тоа, да импровизирате куклен театар со кукли што самите ќе ги направите од парталчиња и копчиња или да направите театар на сенки, да направите гаражи од картонски кутии за автомобилчињата. Секако, можете преку игра со коцки или топчиња да учите математика. Ова е убава можност да се потсетиме и на некои подзаборавени друштвни игри, како: на буквата на буквата, каладонт, домино, расипан телефон, пантомима, Х – 0, бесилка и други.

Од 5 до 7 години
Најсоодветни за оваа возраст се играчките по принципот направи сам. На пример, куќа за кукли од картон, разни други интересни предмети од цврста хартија, учете и да рециклирате, но и да направите некој домашен експеримент, секако, со голема претпазливост.