Ајде да видиме…

Вулканските ерупции спаѓаат меѓу најзастрашувачките случувања во природата. Ерупцијата се случува во близината на некој отвор, пукнатина или слаба точка во цврстите карпи на Земјината кора. Растопената карпа наречена магма се пробива од големите длабочини под огромен притисок. На површината избива лава. Кај експлозивните ерупции, лавата е густа и леплива. Таа се движи полека и се стврднува во близината на вулканскиот излез или кратер.
По зачестените и повторени ерупции, лавата се наталожува и создава нанос од стрмни падини. Некои вулкани имаат толкава експлозивна сила што можат да исфрлат огромни парчиња растопени карпи, големи колку куќа.

(Од детската илустрирана енциклопедија
„Прашања и одговори“ на „Топер“)