Ајде да видиме…

Водената пареа се наоѓа во воздухот околу нас, иако ние не ја гледаме. Таа понекогаш се претвора во вода или во мраз, кои може да ги видиме.
Кога сонцето заоѓа, земјата се лади побрзо отколку воздухот. Кога топлиот воздух ќе дојде во допир со студената почва, водената пареа се кондензира. Таа покрива сѐ, вклучувајќи ги и пајаковите мрежи, со капки вода наречена роса.
Ако површинската температура е под нулата, водената пареа се претвора во слој од светкави смрзнати кристали познати како иње.
Ињето обично се топи на утринското сонце.