Овој израз значи да поминеш лошо, да пропаднеш, да настрадаш. Исто така значи дека некој направил нешто како што не треба, слично на градинарот кога ќе набере зелен бостан.
Оттаму и за човекот што пропаѓа се вели така, а овој идиом исто така значи дека не ти се пишува добро. Изразот, според значењето, е сличен на оној за необраното грозје, само што не е создаден на истиот начин, во иста животна ситуација. Но фразата да обереш зелен бостан, понекогаш се употребува и без одредбата зелен, па се вели само „го обра бостанот“, со истото значење: лошо да поминеш, да настрадаш.