Десет придобивки од реализацијата на проектот „Училишни градини“ во развојот на децата

1. РАЗВОЈ НА МОТОРИКАТА
Де­те­то во гра­ди­на­та пре­ме­сту­ва, фа­ќа, ко­па, ја до­пи­ра поч­ва­та, низ ра­це дро­би гру­тки зем­ја, ко­ри­сти ала­ти. Со си­те тие актив­но­сти пра­вил­но се раз­ви­ва мо­то­ри­ка­та кај де­ца­та, бла­го­да­ре­ние на актив­но­ста во до­маш­на­та или во учи­лиш­на­та гра­ди­на.

2. СТЕКНУВАЊЕ РАБОТНИ НАВИКИ
Ко­га актив­но­сти­те се исп­ла­ни­ра­ни и кон­тро­ли­ра­ни од стра­на на од­го­вор­ни­от на­став­ник за учи­лиш­на­та гра­ди­на, де­те­то мо­же да стек­не мно­гу ко­рис­ни ра­бот­ни на­ви­ки. Мла­ди­те гра­ди­на­ри на­у­чу­ва­ат де­ка тре­ба да се ра­бо­ти за да се про­из­ве­де, тре­ба да се пра­ви тоа вред­но и по­све­те­но и де­ка без да се ра­бо­ти не мо­же да се про­из­ве­де.

3. СТЕКНУВАЊЕ ДГОВОРНОСТ
Да се стек­не чув­ство за од­го­вор­ност, зна­чи да сфа­ти­ме де­ка не сме са­ми и де­ка тре­ба да гра­ди­ме чув­стви­те­лен од­нос и гри­жа кон сѐ око­лу нас. Цве­ќе­то не мо­же да се за­ле­ва ко­га ние са­ка­ме, ту­ку то­гаш ко­га тре­ба. Зе­лен­чу­кот тре­ба да се бе­ре то­гаш ко­га ќе со­зрее, но до­де­ка да со­зрее ние ре­чи­си се­којд­нев­но тре­ба да се гри­жи­ме за не­го.

4. ДОБИВАЊЕ ПРАКТИЧНИ СОЗНАНИЈА ЗА ПРИРОДАТА И ПОЈАВИТЕ
При­ро­да не е са­мо пред­мет во учи­ли­ште. При­ро­да е мно­гу по­ши­рок по­им. Таа е сѐ што нѐ оп­кру­жу­ва, но и са­ми­те ние сме дел од неа. При­ро­да – тоа сме ние. Споз­на­вај­ќи ги раз­ни­те рас­те­ни­ја во гра­ди­на­та учи­ме мно­гу. И не учи­ме са­мо за рас­те­ни­ја­та, ту­ку учи­ме и фи­зи­ка и хе­ми­ја и би­о­ло­ги­ја и ма­те­ма­ти­ка на еден пра­кти­чен, при­мен­лив и впе­чат­лив на­чин.

5. OТКРИВАЊЕ НА РАСТИТЕЛНИОТ СВЕТ
Огро­мен е бро­јот на чле­но­ви­те на рас­ти­тел­ни­от свет. Се­ка­ко, ни нај­го­ле­ми­те би­о­ло­зи и бо­та­ни­ча­ри не ус­пе­а­ле да ги про­нај­дат и да ги про­у­чат си­те рас­те­ни­ја. Уба­во е да ги истра­жи­ме автох­то­ни­те сор­ти на на­ше­то ма­ке­дон­ско под­неб­је, да ги откри­е­ме и одг­ле­ду­ва­ме ста­ри­те сор­ти и со тоа да ги за­чу­ва­ме.

6. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ
Ин­тен­зив­но­то зем­јо­делс­тво во све­тот најм­но­гу стра­да од кли­мат­ски­те про­ме­ни и од еко­ло­шки­те ка­та­стро­фи, но исто­вре­ме­но и најм­но­гу при­до­не­су­ва за нив. За­тоа „Слоу фуд“ со про­е­ктот „Учи­лиш­ни гра­ди­ни“ е на­со­чен кон раз­во­јот на ор­ган­ско­то про­из­водс­тво, ка­де што се за­чу­ву­ва при­род­но­то кру­же­ње на ма­те­ри­ја­та во при­ро­да­та.

7. СФАЌАЊЕ НА ЗНАЧЕЊЕТО ОД САМОСТОЈНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Без хра­на не мо­же­ме да жи­ве­е­ме. Ка­ко што е важ­но да се знае да се пи­шу­ва, да се чи­та, ка­ко што се уба­ви ве­шти­ни спор­тот, сли­ка­ње­то, пи­шу­ва­ње­то или пе­е­ње­то, знај­те де­ка мно­гу важ­на жи­вот­на ве­шти­на е уме­е­ње­то са­мо­стој­но да се про­из­ве­де хра­на.

8. СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Еду­ка­ци­ја­та пре­ку про­гра­ма­та „Учи­лиш­ни гра­ди­ни“ овоз­мо­жу­ва зго­ле­ме­но ни­во на со­ци­ја­ли­за­ци­ја, за­тоа што ра­бо­та­та во гра­ди­на­та ба­ра спло­те­ност, за­ед­ниш­тво, ме­ѓу­себ­на по­мош, под­др­шка и раз­би­ра­ње. Ко­га тие не­шта ги при­ме­ну­ва­ме и над­вор од гра­ди­на­та, то­гаш ја гле­да­ме важ­но­ста во вос­пи­ту­ва­ње­то што ја овоз­мо­жу­ва таа.

9. ФИЗИЧКИ И ПСИХОЕМОТИВЕН РАЗВОЈ
Ра­бо­та­та во гра­ди­на­та ба­ра фи­зич­ка актив­ност. Со тоа се по­до­бру­ва цир­ку­ла­ци­ја­та, се за­тег­ну­ва­ат му­ску­ли­те на те­ло­то, ко­ски­те за­јак­ну­ва­ат. Сон­це­то и ве­тре­то нѐ пра­ват по­сил­ни и по­от­пор­ни на на­стин­ки и грип. Гри­жа­та, пак, со­ци­ја­ли­за­ци­ја­та, ко­му­ни­ка­ци­ја­та со рас­те­ни­ја­та и со лу­ѓе­то нѐ пра­ват емо­тив­но зре­ли и ду­хов­но ста­бил­ни – не­шта што се мно­гу важ­ни за це­ли­от наш жи­вот.

10. УЧИЛИШНИТЕ ГРАДИНИ МЕГДАН ЗА КРЕАТИВНИ ИДЕИ
Од са­ми­от по­че­ток на соз­да­ва­ње на гра­ди­на­та, таа прет­ста­ву­ва кре­а­ти­вен пре­диз­вик. Тре­ба да се нај­де со­од­вет­но ме­сто во учи­лиш­ни­от двор, тре­ба да се ос­мис­ли ка­ко ќе изг­ле­да, да­ли и ка­ква огра­да ќе има, што ќе се са­ди… А отка­ко гра­ди­на­та ќе го до­бие пр­вич­ни­от лик, по­ле­то на кре­а­тив­но­ста уште по­ве­ќе рас­те.

Фи­лип Дим­ко­ски, дип­ло­ми­ран зем­јо­дел­ски ин­же­нер, по­ет, акти­вист и член на „Слоу фуд – При­леп“