Ексклузивно во „Колибри“ песни од сѐ уште необјавената книга за деца на писателот Ефтим Клетников „Малечката принцеза“

Дека мрзлив е, во басна
Лафонтен го наклеветил,
штурецот го силно траснал
и со закана му ветил
дека довека ќе страда,
нема ни трошка да има
од ручекот што го јадат
мравките во гладна зима,
и ќе биде свиткан в тага.
Но Лафонтен нека знае:
сè е тоа груба лага.
До летото ќе истрае
штурецот и пак ќе свири
со својата лира среќен,
како Орфеј ќе го шири
Просторот од модро цвеќе.
Време е, и сега мора
во вистината да стојат
мравките и сè да сторат,
со штурецот да го спојат
својот труд и да го ценат
неговиот талент свиден,
оти е од него кренат
на пиедестал да биде.

Тој е уметник, не мрза,
и работи деноноќно.
Тука жално се избрзал
Лафонтен и не е точно
тоа што го кажал бедно,
па затоа мравки мили
со штурецот треба едно
да сте, да раскрили
љубовта што ќе ве спои.
законик е јасен
и на здрави нозе стои.

Затоа е толку гласен,
за Вистината се бори.
Како на праведен пламен
нека сегде се виори
сјајот на нејното знаме