Еве стигна летото
бело коњче јава,
цветно венче тоа
ставило на глава.

Поточиња весели
и бисерни капки,
насмеани цветови
крај нив детски стапки.

Еве стигна летото
топол сончев зрак,
на игри во природа
нѐ повика пак.

Наум Попески