Здраво, јас сум Сања Здјелар.

Имам 16 години и учам во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Аспарух Хаџи Христов. Со виолината другарувам веќе 10 години.

Сакајќи постојано да учам по нешто ново и да бидам во тек со случувањата во светот, секојдневно на социјалните мрежи гледав преработки, односно кавери на популарни песни, кои навистина звучеа интересно во придружба на некој инструмент. Во тој момент си реков зошто и јас да не пробам нешто такво. Отворив канал на Јутјуб, кој го именував: „Си Зи“ (Si Zi) поради иницијалите на моето име и презиме. Претежно имаше убави коментари, а зајадливите никогаш не ме направија слаба, напротив ме поттикнаа што повеќе да работам. Голема благодарност до сите оние што ме поддржуваат бидејќи ме мотивираат. Секогаш се трудам да бидам оригинална кога станува збор за музиката.

Во иднина имам план да направам свои композиции, во придружба на мојата виолина. За 10 години себеси се гледам како светски артист и се надевам дека ќе ми се остварат сите мои соништа.

Срдечен поздрав до читателите на „Колибри“.
Сања