Фото: Горан Атанасовски

Од творештвото на писателот Васил Мукаетов

Шарена група
Розови фламинга,
веќе е кај нас.
Стигна.

Не сме изненадени,
сите се лични.
Ова ти биле птици
егзотични.

Ретки во светот.
Со други зборови,
прв пат гости во наши дворови.

Децата први ќе се радуваат.
Се знае ли,
од каде допатуваа?

Еве го списокот
чуварите дознале, препознале,
по глобусовата патека кружна:
– И од Америка и од Африка Јужна.
Јавија:
И од Кипар и од Португалија.

Овде им направија
куќичка и езерце – огледало.
Ова се сепак птици,
си бараат свое седало.

И, еве ги во Зоолошка,
долгите вратови пливаат,
во водата се огледуваат.
Ќе има деца,
по некои и ќе намигнуваат.
Од ракописот „Има ли и страна петта?“