Детскиот ликовен центар и Здружението на ликовни педагози повикуваат на соработка

Апелираме до ликовните педагози и до нивните талентирани ученици и оваа учебна година да бидат дел од нашите активности. За ваше учество со избрани ликовни творби на младите, пожелно е за секоја изложба посебно да испратите најмногу до 25 творби по пошта, на адресата: Детски ликовен центар-Скопје, ул. Никола Русински-1, Пошта: Карпош 3, 1020 – пошт. фах: 75, Скопје.
Прва ќе се одржи изложбата на фотографии со мотиви од внатрешен простор (ентериер) или мотиви од надворешен простор (екстериер). Димензиите на фотографиите може да изнесуваат од 10 х 15 см, 13 х 18 см или димензии до А4-формат, 21 х 29 см. Пожелно е фотографиите да имаат паспарту. Рокот за прием е до 30 септември.
На изложбата, насловена „11 Октомври“, мотивите, техниките и материјалите за работа, блок бр. 5 или до 50 х 70 см, се по избор на менторите и учесниците. Рокот за прием е до 30 септември 2021 г.

За меѓународната изложба „13 Ноември“, мотивите, техниките и материјалите за работа, блок бр. 5 или до 50 х 70 см се по избор на менторот или учесниците. Рокот за прием на творбите е најдоцна до 25 октомври 2021 г.
Меѓународна изложба: „Флора и фауна – извор на животот и убавината“, мотивите, техниките и материјалите за работа пожелно е да бидат на блок бр. 5, или некои творби најмногу до 50 х 70 см. Рокот за прием на творбите е најдоцна до 20 ноември 2021 г.
На заднината на творбите напишете ги следните задолжителни податоци: име и презиме на авторот, години на возраст, одделение, клас или година на факултет, наслов на установата и адреса: градинка, училиште, факултет; точно место на живеење: град, општина, село, телефон за контакт и мејл; име и презиме на менторот наставник, негов телефон и мејл. Освен од установите, може и родители на учесници да испратат творби по пошта на горенаведената адреса. За дополнителни информации, можете да се јавите на тeлефонскиот број 076 987-024 ([email protected]).
Најуспешните учесници на изложбите ќе добијат сертификати. Прием на творбите: секој работен ден од 8.30 до 19 ч. Задолжително носете маски во холот приземје, творбите се оставаат на означеното место во библиотеката „Другарче“ – Кинотека, ул. Никола Русински бр. 1, Карпош 3 (спроти гимназијата,,Никола Карев“ – Скопје). Неработни денови: сабота и недела.