Проектот „Марко Цепенков – одбележување на стогодишнината од неговата смрт“, на издателството „Арс ламина“, го освои првото место на годинашното доделување на престижните книжевни награди на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), во категоријата за поттикнување општествена одговорност на Саемот на книгата 2021.
– Марко Цепенков е нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. Нашата издавачката куќа во чест на неговиот јубилеј објави неколку нови изданија поврзани со творештвото на Цепенков. Некои од изданијата на еден од најактивните македонски автори на литература за деца, Васил Мукаетов, се инспирирани од творештвото на Марко Цепенков. Неговите три нови дела за младите читатели, „Ај погоди!“, „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“, се дел од едицијата „Читанки“, која доби признание за второ место во категоријата за најдобра едиција – известуваат до „Арс ламина“.
Сите изданија се достапни во книжарниците Литература.мк, како и онлајн преку www.literatura.mk.