Дали сте знаеле

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето, а на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права што произлегуваат од оваа конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.
Потребата од заштита на правата на децата произлегува од фактот дека тие претставуваат високоранлива општествена група, која лесно може да биде изложена на злоупотреба и насилство. Во согласност со ООН, децата се изложени на насилство, експлоатација, виктимизација од страна на возрасните секојдневно, но и на глад, болести и недостиг од социоекономски услови за здрав и активен живот во државите што се сметаат за сиромашни или, пак, за држави во развој.