Писателот Перо Миленкоски долги години беше уредник на додатокот за деца „Колибри“

Од бележникот на Перо Миленкоски

Ало, ало – ме гали детски глас
од градот на жолтото злато.
Брзам да те гушнам
по телефон,
оти ми доаѓа
пријателот Сон.

Ти нацртав дрво крај патот,
деца во игра што тонат,
црвени божурики во нива
и конче со свилена грива
во утрина сончева пресна.

Здраво, Матеј, здраво,
за цртежот благодарам, браво.
А јас ти напишав песна
за јагниња во ливада што се гонат.
За славејчиња песни што ронат
и за едно прваче вредно
за книга и радост жедно,
од срце добрина точи
и носи сонце во очи.

Ме разнежи мила лика
па од мене желба блика:

Ај, короно, оди си,
мир и спокој немам,
кај Матеј сакам да одам,
во прегратка да си го земам.