Од творештвото на Сузана Мицева

Во шумата, отаде градот –
одамна владее гладот.
Студено е и сѐ е суво –
тивко е, мошне глуво.

Еден звук се слуша тука
оддалеку нешто тропа, чука.
Но, одблизу не е штурец –
туку тажен клукајдрвец.

Клука, чука бара црвец
шарениот клукајдрвец.
И дрвото ќе го сотре
за оброкот да го допре.

Дојде есен, падна слана
сѐ помалку има храна,
а штом снегот стави слој –
долго гладен ќе е тој.