Според сите пропишани протоколи за заштита од ковид-19, во семејна атмосфера беше продолжена василичарската традиција во струшко Подгорци, со маскирање на децата. Оваа традиција е стара колку што е старо и селото. Мотото на василичарите е: „За многу години, в година повесели и порадосни – сурва, сурва Нова година“. Паричката во кашаникот е задолжителна за најмладиот василичар во семејството. На фотографиите се најдобрите маски годинава. Ст.К.